
Раната елиминација на Денвер Нагетс од плејофот на НБА лигата, и тоа од десеткуваната Минесота, отвори сериозни прашања за иднината на тимот од Колорадо. И покрај доминацијата на Никола Јокиќ во претходните сезони, впечатокот е дека франшизата не успеа да го искористи неговиот врв во целост.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите што ги пренесува ESPN, а ги изнесе познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, во Денвер се подготвени на радикални потези – практично целиот ростер би можел да биде на пазарот, освен Јокиќ, околу кого сакаат да изградат нов, поконкурентен тим.
„Првата работа – тренерот Дејвид Аделман останува, неговата позиција е сигурна. Втора работа – Денвер сака да се врзе на долг рок со Никола Јокиќ. Тој во јули ќе може да потпише четиригодишно продолжување во вредност од повеќе од 290.000.000 долари. Очекувањата се дека ќе го потпише тоа во јули, кога ќе може, и заедно ќе продолжат напред“, рече Чаранија.
Меѓутоа, најголемите промени се очекуваат во составот. Клубот планира темелна реконструкција, а како што се наведува, подготвени се да разгледаат понуди за сите играчи – дури и за Џамал Мареј, ако се појави адекватна понуда.