Дома Фудбал „Земјотрес“ во Барселона: Замина еден од најважните фудбалери целосно бесплатно

„Земјотрес“ во Барселона: Замина еден од најважните фудбалери целосно бесплатно

Како гром од ведро небо, навивачите на Барселона синоќа ги шокираше информацијата дека Иниго Мартинез ја напушта екипата и дека неговото заминување во саудискиот Ал Наср е завршена работа. Она што најмногу ги боли е тоа што си заминува бесплатно, а сега е јасно и зошто дојде до такво сценарио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона ова лето не ангажираше многу засилувања, бидејќи Ханси Флик истакнуваше дека е задоволен со играчкиот кадар кој го има и дека нема потреба многу да го менува за новата сезона.

Тоа со што беше навистина задоволен е дефанзивата и играчите кои ги имаше на располагање, но синоќа како ладен туш навивачите на Барселона ги дочека веста дека си заминува еден од лидерите на овој тим.

Се работи за дефанзивецот Иниго Мартинез кој минатата сезона кај Флик беше еден од најважните и најстандардните играчи во одбраната, и неговото заминување навистина никој не го предполагаше дека е возможно.

Но, многу медиуми синоќа потврдија дека Мартинез си заминува и дека веќе прифатил извонредно богата понуда од Саудиска Арабија, и дека искусниот шпански стопер наскоро ќе биде претставен како ново засилување на Ал Наср.

Навивачите на Барселона се во шок што Мартинез си заминува, а она што најмногу ги разочарало е фактот дека клубот нема да заработи ниту евро од заминувањето на еден од најважните играчи во дефанзивата на каталонскиот тим.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…