Кошаркарскиот репрезентативец на Германија, актуелниот светски шампион, Даниел Тајс, потпиша за Монако, како што објави Евролигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тајс (32) се врати во Евролигата по сезоната 2016/17 кога настапуваше за германскиот Бамберг. Во меѓувреме настапуваше во НБА лигата за бројни екипи.
Играл за Бостон Селтикс, како и Чикаго Булс, Хјустон Рокетс, Индијана Пејсерс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс.
Ќе биде значително засилување на центарската позиција за Монако, кој во таа линија на тимот ги има Донатас Мотијејунас, Јоргос Папајанис и Мама Жаите.
Монако е четвртопласираниот тим на табелата на Евролигата со 16 победи и 10 порази.