Дома Фудбал „Земјотрес“ во Шпанија: Анчелоти го напушта Реал Мадрид!

„Земјотрес“ во Шпанија: Анчелоти го напушта Реал Мадрид!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, одлучил да го напушти клубот по завршувањето на актуелната сезона, објавуваат денеска шпанските медиуми.

Иако има договор со „кралскиот клуб“ до 2026 година, искусниот италијански стратег наводно донел дефинитивна одлука да си замине, независно од исходот на сезоната.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Во фудбалските кругови веќе подолго време се шпекулира дека негов наследник би можел да биде Чаби Алонсо, поранешен играч на Реал Мадрид и актуелен тренер на Баер Леверкузен. Алонсо се смета за еден од најперспективните млади тренери, а неговата евентуална назначување би донела свежина и нова визија за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ла Лига ги избра најдобрите голови во дербито на Мадрид – сите ги постигнал Реал! (Видео)

Вечерва од 21:00 часот се игра традиционалното мадридско дерби меѓу Реал Мадрид и Атлетико…