Дома Останати Ракомет Започнува Главната рунда на Мундијалот: Македонија денеска против Австрија

Започнува Главната рунда на Мундијалот: Македонија денеска против Австрија

Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик.

Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ја престигне Австрија и ќе ги задржи шансите за што повисок пласман, па дури и четвртфинале.

Почетокот на средбата е закажан за 15:30 часот.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се најде меѓу најдобрите асистенти во…