Дома Фудбал Рафиња може да замине: Барселона добила понуда од Премиер лигата

Рафиња може да замине: Барселона добила понуда од Премиер лигата

Манчестер Јунајтед испратил понуда до Барселона од 70 милиони евра за 28-годишниот Бразилец од Барселона, Рафиња, објавија британските медиуми во понеделникот. Во клубот сметаат дека неговата брзина, дриблинзи и реализација од различни позиции го прават Рафиња идеално решение за напаѓачките проблеми во тимот.

Бразилецот оваа сезона во дресот на Барселона во сите натпреварувања запиша 27 голови и 21 асистенција. Со своите одлични изведби привлече внимание од многу европски гиганти, но само Јунајтед беше конкретен со финансиска понуда.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Договорот на Рафиња со Барса важи до јуни 2027 година, но се претпоставува дека Каталонците би можеле да ја прифатат понудата поради тешката финансиска ситуација. Бразилскиот репрезентативец пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра и низ 124 натпревари за каталонскиот гигант оствари учинок од 47 голови и 46 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Момент од финишот на дербито – Инзаги беснееш на судијата: Не го продолжувај натпреварот! (Видео)

Тренерот на милански Интер, Симоне Инзаги, тешко го прифати убедливиот пораз во градското …