Дома Моторспорт За помалку од два месеци ќе дебитира во болидот на Мерцедес, а сега само што доби возачка

За помалку од два месеци ќе дебитира во болидот на Мерцедес, а сега само што доби возачка

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го положи возачкиот испит само шест недели пред своето официјално деби во Формула 1.

Антонели ќе дебитира како полноправен возач во Формула 1 за време на првиот тркачки викенд во новата сезона, кој се одржува во Австралија. Тој во Мерцедес го замени седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон, откако Британецот премина во Ферари. Тимскиот колега на Кими ќе биде Џорџ Расел.

Младиот Кими во август наполнил 18 години, што е минимумот потребен за добивање возачка дозвола.

“Мисијата е завршена,” стои во објавата на профилите на Мерцедес на социјалните мрежи, со означена возачка дозвола и супер лиценцата потребна за натпреварување во Формула 1, како и фотографија на Антонели направена во автомобилот на автошколата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Незгодата на Ферстапен го „замрзна“ Зандворт: Видете што му се случи на домашниот херој (ВИДЕО)

Големата награда на Холандија донесе драматични сцени уште во раната етапа на трката, отка…