Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го положи возачкиот испит само шест недели пред своето официјално деби во Формула 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Антонели ќе дебитира како полноправен возач во Формула 1 за време на првиот тркачки викенд во новата сезона, кој се одржува во Австралија. Тој во Мерцедес го замени седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон, откако Британецот премина во Ферари. Тимскиот колега на Кими ќе биде Џорџ Расел.
Младиот Кими во август наполнил 18 години, што е минимумот потребен за добивање возачка дозвола.
“Мисијата е завршена,” стои во објавата на профилите на Мерцедес на социјалните мрежи, со означена возачка дозвола и супер лиценцата потребна за натпреварување во Формула 1, како и фотографија на Антонели направена во автомобилот на автошколата.