Дома Фудбал Дефанзивец на Манчестер Сити го обвини Романо за шпекулации

Дефанзивец на Манчестер Сити го обвини Романо за шпекулации

Одбранбениот играч на Манчестер Сити Мануел Аканџи беше изненаден од информацијата на познатиот новинар Фабрицио Романо за негов трансфер во Галатасарај.

Порано денес експертот за трансфери објави на Инстаграм дека двата клуба се блиску до договор за швајцарскиот репрезентативец за 15 милиони фунти, како и дека турскиот шампион ќе му понуди оферта на играчот во наредните часови.

Малку подоцна, самиот Аканџи остави коментар под објавата на Романо, изразувајќи го своето изненадување од оваа информација.

„Не знам ништо за ова“, напиша 30-годишниот фудбалер. Потоа новинарот ја избриша својата објава на Инстаграм, но не и на Х, каде истата вест сè уште може да се види.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сасуоло со шест промени по дебаклот, Фиорентина не го менува тимот

Двата тима чекаат лигашка победа веќе пет натпревари. Аквилани прави голема реконструкција…