Дома Фудбал Вознемирувачки сцени: Вака изгледа лицето на Донарума по повредата (Фото)

Вознемирувачки сцени: Вака изгледа лицето на Донарума по повредата (Фото)

Се појавија првите фотографии од лицето на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, по застрашувачката повреда што ја доживеа Италијанецот на дербито на Лига 1 против Монако.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума се здоби со исеченица под десното око, иако изгледа дека можеше и полошо да помине.

Италијанецот мораше да излезе од игра уште во 22. минута бидејќи доби застрашувачки удар во лицето од страна на Вилфред Синго.

Интересно е тоа што Синго веќе имаше жолт картон, но судијата одлучи да не му го покаже вториот, ниту пак директен црвен.

Донарума е член на Пари Сен Жермен од 2021 година, кога дојде од Милан, каде што се разви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бизарна пречка: Франција менува закон за да му овозможи на Зидан да ја преземе репрезентацијата

Зинедин Зидан со години чекаше можност да седне на клупата на француската репрезентација, …