Еспањол и Жирона синоќа одиграа нерешено 1:1 во рамките на 27. коло на шпанската Ла Лига, а натпреварот го одбележа голот од пенал што во самиот финиш го постигна искусниот Кристијан Стуани.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот во Барселона требаше да стави крај на 27. коло од Ла Лига, но тоа ќе се случи подоцна бидејќи натпреварот помеѓу Барселона и Осасуна сè уште треба да се одигра, бидејќи беше одложен во саботата.
Сепак, Еспањол и Жирона во малото каталонско дерби успеаја да понудат на љубителите на фудбалот возбудлива пресметка која заврши со поделба на бодовите.
Домашните можaт многу повеќе да жалат бидејќи водеа со 1:0 и изгледаше дека ќе стигнат до победа и три бода, но Жирона во самиот финиш на натпреварот успеа да извлече нерешен резултат.
Еспањол поведе со 1:0 во 49. минута кога Жофре погоди во мрежата на гостите откако беше одлично асистиран од Гонзалез.
Домашните се бранеа во продолжението, а одличен беше голманот Жоан Гарсија кој имаше неколку фантастични одбрани. Сепак, во 88. минута ни Гарсија не успеа да му помогне на својот тим.
Жирона успеа да избори пенал, а одговорноста од белата точка ја презеде Стуани кој изведе една од најчудните паненки кои сме имале можност да ги видиме.
Тој ужасно ја удри топката и воопшто не ја шутна како што сакаше, но на среќа на напаѓачот на Жирона таа заврши во мрежата на Еспањол за 1:1.
Паненката на Стуани за бод на Жирона на гостувањето против Еспањол можете да ја погледнете ТУКА.