Дома Фудбал Во оваа земја над 100 спортисти се осомничени за обложување и договорени натпревари

Во оваа земја над 100 спортисти се осомничени за обложување и договорени натпревари

Голем скандал се случи во Финска, каде повеќе од 100 луѓе се осомничени дека местеле натпревари и се обложувале, со цел да заработат пари на нелегален начин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што наведуваат тамошните медиуми, станува збор за сите клубови што се натпреваруваат во Ф-лигата. Ова првично го истакна Јуоко Иконен за MTV Урхеилу. Иако беше објавено во јавноста за време на летото дека околу десетина лица се вмешани во овој скандал, всушност бројката е многу поголема, што е разочарувачки за скандинавската земја.

– Постојат големи разлики во износите на обложувањето, од едно евро до неколку стотици или дури илјади евра – изјави Јуоко Иконен, шефот на истрагата во Финскиот центар за спортска етика, за MTV Урхеилу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…