Дома Фудбал Во игра е уште еден шокантен трансфер од Дортмунд во Баерн Минхен?

Во игра е уште еден шокантен трансфер од Дортмунд во Баерн Минхен?

Баерн Минхен сериозно разгледува можности за позицијата стопер, а меѓу кандидатите е и – Нико Шлоторбек.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во прашање е веќе легенда на Борусија, но и играч кој следното лето ќе влезе во последната година од договорот, а ги одби сите понуди за останување во Дортмунд. Наводно, тој бараше зголемување на платата од 2.500.000 на 10.000.000 евра, додека Борусија му понудила максимална плата од 8.000.000 годишно, што Германецот го одби.

Тој е свесен дека е интересен за многу клубови, досега се споменуваше и Барселона, но во игра е и – Баерн Минхен.

Не е тајна дека Баварците го испитуваат теренот бидејќи Дајо Упамекано не ја прифати понудата за продолжување на соработката, а на лето станува слободен, додека Ким исто така е потенцијално на списокот за трансфери.

Уредникот на Билд, Кристијан Фалк, тврди дека Марк Гуеј е моментално прва опција, но дека се мали шансите Англичанецот да го избере Минхен, така што во тој случај Шлоторбек е сериозна мета за Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ја испрати првата понуда до Манчестер Сити за Родри

Откако вчера стана јасно дека играчот на Манчестер Сити Родри одлучи да ја продолжи кариер…