Дома Фудбал Останато Во Холандија спремаат градско дерби без судија

Во Холандија спремаат градско дерби без судија

Уникатен фудбалски спектакл се подготвува во Хелмонд, Холандија за 27 март.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој ден ќе се одигра градското дерби помеѓу Брандеворт и Де Брак. Дербито ќе биде пријателско, а домаќин ќе биде Брандеворт.

Двата тима се договорија да играат без судија.

Нема да има ниту судии, ниту помошници, а нема да има ниту жолти картони. Само џентлменска игра и фер-плеј бидејќи играчите ќе преземат одговорност за носење одлуки на теренот.

Клубовите сакаат да ја истакнат важноста на фер-плејот, за кој веруваат дека исчезнал во модерниот фудбал.

„Другарството на теренот одамна го нема и сакаме да привлечеме внимание на тоа“, рече претседателот на Брандеворт, Хари Елзендорм.

Оваа вест наиде на големо внимание во Холандија, па се очекува невообичаено голема излезност. Клубовите најавија дека влезот е бесплатен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најмоќниот човек во европскиот клупски фудбал сака да биде претседател на ФИФА

Ќе биде возбудливо кога ќе започне кампањата за изборите кои ќе се одржат во март 2027 год…