Дома Фудбал Во Барселона наскоро паѓа потпис кој е чека многу долго време!

Во Барселона наскоро паѓа потпис кој е чека многу долго време!

Откако Жоан Лапорта ја презеде Барселона, главната цел му беше потпишувањето на нов договор со Френки де Јонг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првично, ова настојување беше мотивирано од тоа што од 2021 година па натаму, неговата плата постепено расте до истекот на летото 2026 година. Но, Де Јонг постојано одбиваше да го потпише договорот и да се откаже од неговите високи приходи, дури и во момент кога беше притиснат да размислува за трансфер.

Сепак, тогаш го поддржа Чави Ернандез, кој цврсто веруваше во неговите способности и останатото е историја.

Прво, Де Јонг продолжи да напредува под водство на Ханси Флик, особено по долгата пауза во последната сезона на Чави. Потоа раскина со својот долгогодишен агент Али Дурсун, кој беше главната пречка во преговорите со Барселона.

Сега, Де Јонг ги прифати условите на Барса, дури и намалување на платата, и сето тоа ќе биде финализирано во претстојните недели.

По него, се очекува и Ерик Гарсија да потпише нов договор, бидејќи неговиот истекува следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најголемите португалски клубови престанува да постои по 123 години!

Фудбалскиот клуб Боависта од Порто, еден од само петте клубови што ја освоија титулата шам…