Дома Фудбал Вирц: Сакам да излезам од зоната на комфор и да искусам нешто ново

Вирц: Сакам да излезам од зоната на комфор и да искусам нешто ново

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц изјави дека во некоја фаза од неговата кариера би сакал да се пресели во друг клуб и “да искуси нешто ново”.

„Секако сакам да излезам од мојата зона на комфор во некој момент и да искусам нешто ново. Доволно добро ги познавам фудбалските соблекувални и сум убеден дека брзо би се вклопил каде било“, наведе Вирц.

Договорот на Вирц со Леверкузен трае до 2027 година, но германскиот играч од средината беше поврзуван со трансфери во Бајерн Минхен, Манчестер сити и Реал Мадрид.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанскиот фудбал пред пауза: Се бара одложување по смртта на Де Мигел

Здружението на шпанските фудбалери побара запирање на натпреварите по трагедијата на мечот…