Дома Фудбал Винисиус сака да го напушти Реал Мадрид поради Мбапе

Винисиус сака да го напушти Реал Мадрид поради Мбапе

Винисиус повторно е главна тема во шпанските спортски медиуми. Бразилецот сака да добие поголема плата од она што моментално ја заработува во кралскиот клуб, пред сè за да го престигне Килијан Мбапе, кој има најголема плата во екипата.

Французинот има плата од 30 милиони евра годишно, додека во Реал му понудија на Бразилецот договор, според кој би му било загарантирано десет милиони евра помалку од Мбапе на годишно ниво. 

Изгледа дека Винисиус и Мбапе не се најдобри пријатели и дека односите меѓу нив не се најдобри. 

Сѐ почесто се споменува дека новиот клуб на Винисиус би можел да биде некој од Саудиска Арабија, кој му нудат вистинско богатство на Бразилецот.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…