Дома Фудбал Вилијамс постави услов и ги запре преговорите со Арсенал

Вилијамс постави услов и ги запре преговорите со Арсенал

Младиот шпански репрезентативец Нико Вилијамс (22) беше сериозно разгледуван како засилување од страна на Арсенал, но според најновите извештаи од англиските медиуми, лондонскиот клуб се повлекол од преговорите.

Причината за оваа одлука, како што се наведува, е тоа што Вилијамс поставил услов да биде најплатениот фудбалер во тимот – барање кое „топчиите“ не биле подготвени да го исполнат.

Со оглед на неговата константно добра форма и фактот што игра клучна улога во редовите на Атлетик Билбао, се очекува тој ова лето конечно да направи голем чекор во кариерата и да премине во еден од европските гиганти кој има амбиции за највисоките трофеи.

Фото: Athletic Club/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …