Дома Останати Кошарка (Видео) Потегот на Јокиќ ги разочара Американците: Делуваше како да го предаде клубот

(Видео) Потегот на Јокиќ ги разочара Американците: Делуваше како да го предаде клубот

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл на почетокот на новата сезона, но неговата игра беше далеку од таа на лидерот што се очекува од овој тим.

Српскиот центар правеше пропусти низ целиот натпревар, што влијаеше и на неговата самодоверба.

Неговиот говор на телото особено се промени во продолжението кога сè уште се мачеше да го задржи тимот во играта. Кога промаши тројка на 33 секунди пред крајот на продолжението при шест поени предност за Голден Стејт, само се предаде.

Не продолжи ни да трча, ги спушти рамената додека Стеф Кари со полна брзина леташе кон кошот на противникот. На крајот Голден Стејт славеше со 137:131, а впечатокот на сите беше овој лош момент на Јокиќ за кој зборуваат Американците.

„Погледнете го говорот на телото и ставот на Јокиќ по тоа што промаши најважната тројка на натпреварот. Се откажа од својот тим“, беше коментарот покрај снимката што привлече огромно внимание.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…