Дома Фудбал Видео: Интер поведе по контроверзен корнер. Фановите: Ова е срамота

Видео: Интер поведе по контроверзен корнер. Фановите: Ова е срамота

Во последниот натпревар од 24. коло на италијанската Серија А, милански Интер пред своите навивачи ја победи Фиорентина со 2:1 и на тој начин се реваншира за минатонеделниот пораз. Со оваа победа, а со неделното реми на Наполи против Удинезе, Интер се доближи до лидерот Наполи на табелата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега ги дели само еден бод. Фиорентина пред овој пораз имаше серија од три победи во првенството и остана на шестото место на табелата. Интер поведе во 28. минута со малку среќа, но и по грешка на судијата кој досуди непостоечки корнер, бидејќи топката претходно излезе од теренот и Фиорентина требаше да добие гол-аут. По изведениот корнер, топката заврши во мрежата на гостите.

Фановите се разочарани

По оваа ситуација, многу фудбалски фанови одлучија да ги споделат своите фрустрации на социјалните мрежи, па некои коментари велат дека се работи за срамна одлука и дека судиите треба да бидат суспендирани. Еден навивач на Фиорентина, напиша дека Фиорентина требаше да го напушти теренот, како што направија играчите на Адана Демирспор против Галатасарај во недела. Спорната ситуација погледнете ја ОВДЕ.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов потпис во Мадрид: Бараше договор на две години, но попушти и ќе потпише на една!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид продолжува со стабилизација на тимот за следните сезони, отка…