Дома Фудбал (Видео) Хаос во Црна Гора: Масовна тепачка меѓу младинци и родители – поделени 10 црвени картони

(Видео) Хаос во Црна Гора: Масовна тепачка меѓу младинци и родители – поделени 10 црвени картони

Невиден скандал го потресе црногорскиот фудбал. Натпреварот од Втората младинска лига на Црна Гора помеѓу Стариот Аеродром и Беране беше прекинат во 71. минута поради жестока масовна тепачка на теренот.

Еден од фудбалерите на Беране, кој беше заменет за време на мечот, се преслекол и се упатил кон трибините. Сепак, кога на теренот започнала расправија меѓу играчите, тој ја прескокнал оградата, влегол на теренот и удрил фудбалер од противничкиот тим кој лежел на носилки.

Ова довело до масовна тепачка во која учествувале и родителите на фудбалерите, пренесува “РТЦГ”.

Главниот судија на мечот, Василије Љумовиќ, подели дури 10 црвени картони – шест на играчите од Стариот Аеродром и четири на фудбалерите од Беране.

Делегатот на натпреварот бил принуден да ја повика полицијата бидејќи редарската служба не успеала да ја спречи ескалацијата на судирот.

Полицијата дошла и веднаш на лице место ги уапсила учесниците на срамниот инцидент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …