Дома Останати Кошарка ВИДЕО Дончиќ се изнапромашува во дебито, но Леброн ги однесе Лејкерс до победата

ВИДЕО Дончиќ се изнапромашува во дебито, но Леброн ги однесе Лејкерс до победата

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс откако во бомбастичен трејд пред неколку дена пристигна во калифорниската екипа од Далас Маверикс како замена за Ентони Дејвис. Лејкерс на домашен терен ја совладаа екипата на Јута Џез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лејкерс со шеста победа по ред го зазедоа петтото место на Западот со однос од 31 победи и 19 порази. И покрај убедливата победа, Дончиќ не остави впечаток во дебито. Имаше најлош учинок од сите стартери на Лејкерс со 14 поени, пет скокови и четири асистенции.

Словенецот на теренот помина 24 минути и беше многу непрецизен. Погоди 36 проценти од своите удари од поле (5/14), а од седум обиди за три поени погоди само еднаш. Дончиќ оваа сезона има просек од 28.1 поени, 7.8 асистенции и 8.3 скокови, што му е една од послабите сезони во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ наскоро може да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА!

Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ, е пред потпишување на најбогатиот договор во ист…