Дома Фудбал ВИДЕО: Болт го исмејува Погба – пократко трае трка на 100 метри, отколку твојот залет за пенал!

ВИДЕО: Болт го исмејува Погба – пократко трае трка на 100 метри, отколку твојот залет за пенал!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера на свој терен го совладаа Евертон со 2:1 во рамките од десетото коло од Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ конечно успеаа да стигнат до три бода одигрувајќи еден добар натпревар. Домаќините до водство стигнаа со голот на Погба кој прво го промаши пеналот, но потоа успеа да смести топката во мрежата на гостите.

Сепак, Французинот стана мета на исмејување на друштвените мрежи поради начинот на кој го изведе пеналот. Дури се огласи и Усаин Болт кој порача дека пократко трае трка на 100 метри отколку залетот на Погба за изведување на пеналот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…