Дома Фудбал ВИДЕО Баер губеше до 88. минута па спектакуларно победи – погледнете ги головите

ВИДЕО Баер губеше до 88. минута па спектакуларно победи – погледнете ги головите

Актуелниот германски фудбалски шампион Баер Леверкузен со пресврт во завршницата на последниот натпревар од 26. коло на Бундеслигата стигна до победа од 4:3 во Штутгарт и така остана во трка со првопласираниот Баерн.

Штутгарт со головите на Ермедин Демировиќ во 15. и Ник Волтемада во 48. минута поведе 2:0. Фримпонг во 56. ја намали предноста на Баер, но со автогол на Гранит Џака во 62. минута, Штутгарт повторно дојде до два гола предност.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Пиеро Хинкапи 68 шест минути подоцна ја намали разликата за гостите, но Штутгарт ја држеше предноста до 88. минута.

Тогаш несреќниот Анџело Штилер ја скрена топката за автогол со кој Баер изедначи, а победата на екипата на Чаби Алонсо во четвртата минута од продолжението ја донесе Патрик Шик.

Баер така успеа да искористи што Баерн во ова коло освои само еден бод и тековниот шампион го намали заостатокот зад Баварците на шест бода. Сите голови од натпреварот можете да ги погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус сака договор како никој друг претходно – најголем во историјата на Реал Мадрид!

Винисиус Жуниор преговара со Реал Мадрид за продолжување на договорот, кој засега трае до …