Дома Останати Кошарка Вембањама го предводеше Сан Антонио до историја (Видео)

Вембањама го предводеше Сан Антонио до историја (Видео)

Кошаркарите на Сан Антонио го остварија најдобриот старт на сезоната во историјата на клубот, откако на свој терен го совладаа Мајами со резултат 107:101 и стигнаа до резултат од 5:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот центар Виктор Вембањама беше најзаслужен за новиот триумф, со учинок од 27 поени, 18 скокови, шест асистенции и пет блокади. Публиката во Фрост Банк Центарот скандираше „MVP“ додека 21-годишниот го завршуваше мечот. Мајами во последната четвртина со серија од 17:1 успеа да ја поништи предноста на Спарс од 15 поени, но домашниот тим одговори со смирена игра во завршницата и го прекина низот од три победи на Хит.

Најефикасен во редовите на гостите беше Бем Адебајо со 31 поени и 10 скокови, додека Ендрју Вигинс додаде 24 поени. Мајами настапи без повредените Тајлер Хиро и Норман Пауел, а српскиот кошаркар Никола Јовиќ имаше само скок и асистенција за помалку од 10 минути колку што помина во игра.

Од друга страна, покрај Вембањама, се истакна и Стефон Касл со 21 поен, осум асистенции, шест скокови и четири украдени топки, додека Девин Васел додаде 17 поени.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…