Дома Фудбал Веќе нема дилеми: Ова се деталите од договорот на Алонсо!

Веќе нема дилеми: Ова се деталите од договорот на Алонсо!

Еден од некогашните славни шпански фудбалери, а денес признат тренер, Чаби Алонсо постигна договор за соработка со Челси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По неодамнешните средби во Лондон со челниците на двократниот европски првак, Алонсо ја прифати понудата на лондонскиот клуб, дознава британскиот Атлетик.

Тој ќе потпише договор на четири години и ќе го преземе клубот по завршувањето на тековната сезона.

Во моментов, како привремено решение, тимот на Челси го води Калум Мекфарлан, тренерот на У21 екипата „Сините“.

Клубот од Стамфорд Бриџ зимоска го напушти Енцо Мареска, а потоа Лијам Розениор беше брзо разрешен по серијата на неприфатливи резултати.

Со овој потег, Алонсо ќе го има својот четврти ангажман во тренерската кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…