Зад нас е шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по кое потенцијално можеме да прогнозираме што сè може или не може да се случи во нокаут фазата.
Како што е познато, првите осум тимови одат директно во осминафиналето, додека од 9-то до 24-то место играат плеј-оф за пласман меѓу најдобрите 16.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што разликата од 21-пласираниот Селтик до треторангираниот Арсенал е само четири бодови, јасно е дека тешко можеме да прогнозираме како би изгледале комплетните топ 8.
Но, можеме да нагласиме што е најизвесно, а тоа е:
Ливерпул е со 18 бодови лидер, потребно е да освои уште два или три бода за да го завери тоа, што ќе се случи во преостанатите два натпревари против Лил на “Енфилд” или ПСВ во Ајндховен.
Барселона со 15 бодови направи огромен чекор кон позиција број 2, и да остане таму потенцијално и се доволни четири бодови, бидејќи има подобра гол разлика од Арсенал, Леверкузен и своите следбеници со по 13 бодови. Барса гостува кај Бенфика и ја чека Аталанта, реално е дека можат да стигнат до четири бодови.
Во тој случај, Ливерпул и Барселона не би можеле да се сретнат сè до потенцијалното финале.
Исто така, бидејќи Арсенал има големи шанси во натпреварите против Динамо Загреб дома и Жирона на гости, извесно е дека ќе бидат трети или четврти. Тоа значи дека Арсенал нема да може на првите два тима на табелата сè до полуфиналето. Поточно, првите четири тима од групната фаза можат да се сретнат меѓусебно само во полуфиналето.
Покрај Арсенал кој има најлесен распоред, со 13 освоени бодови има уште многу тимови кои ќе се борат првите четири позиции. Бидејќи со 13 бодови тука се уште и Леверкузен, Астон Вила, Интер, Брест и Лил, а по 12 имаат Дортмунд, Баерн, Атлетико Мадрид, Милан.