Дома Фудбал Веќе откриен идниот тренер на Реал Мадрид

Веќе откриен идниот тренер на Реал Мадрид

Карло Анчелоти ќе замине од клупата на Реал Мадрид, а неговиот наследник е веќе познат, според германски „Скај Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последните информации кажуваат дека Алонсо има донесено одлука за напуштање на сегашниот клуб со кој лани стигна до освојување на двојната титула.

Реал Мадрид е во потрага по замена за Анчелоти, бидејќи тој ја завршува последната сезона на чело на „кралевите“.

Според „Скај Спорт“, Чаби Алонсо веќе има склучен договор со Реал Мадрид и наскоро ќе следи потпишување на пред-договорот.

Алонсо од 2009 до 2014 година помина пет успешни играчки сезони на „Сантијаго Бернабеу“, а сега има желба да продолжи да испишува историја, но во улога на тренер на Мадридскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…