Дома Останати Ракомет Вардар ќе се засили со двајца Македонци – ако треба ќе ги измисли!

Вардар ќе се засили со двајца Македонци – ако треба ќе ги измисли!

Вардар ја заокружи есенската полусезона како лидер во македонскиот шампионат, истовремено обезбедувајќи учество во главната фаза од ЕХФ Европската лига, а раководството на клубот веќе гледа чекор понапред – кон нова сезона со уште поголеми амбиции и можна камбек-приказна во Лигата на шампионите.

Претседателот на клубот, Михајло Михајловски, јавно ги посочи приоритетите за периодот што следува, ставајќи акцент на засилување со домашни ракометари. Како што истакна, целта е ростерот за следната сезона да биде збогатен со најмалку уште двајца македонски играчи, без разлика каде моментално настапуваат.

„Во овој момент имаме шест македонски ракометари, а за идната сезона мора да обезбедиме уште најмалку двајца квалитетни. Македонци ќе има – па дури и ако треба да ги измислиме“, порача Михајловски.

Во Вардар веќе е стартуван процесот на селекција за новата натпреварувачка година, практика која во овој период е вообичаена и за останатите европски клубови што навреме ги кројат плановите и ги договараат идните засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар е подготвен за Нант, утре дома оди по првите бодови во ЛШ!

Ракометарите на Вардар утре го играат натпреварот против Нант во рамките од второто коло в…