Дома Фудбал Англија Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча ги водеше „црвените ѓаволи“ пред доаѓањето на Аморим.

Ван Нистерлој веќе добива понуди на своја адреса, а во моментов е прв кандидат за тренер на Лестер.

Лестер го отпушти Стив Купер по поразот од Челзи. Тој остана во клубот само неколку месеци, преземајќи ги „лисиците“ летово по заминувањето на Енцо Мареска.

Руд ван Нистерлој доби понуда и од Хамбургер, но негов приоритет во моментов е преземање на екипа од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

До УЕФА пристигнало барање за исфрлање на Србија од сите натпреварувања!

Меморијалниот центар Сребреница излезе со иницијатива до УЕФА и мрежата FARE по инцидентит…