Дома Видео Ван Дајк е сопственик на најбрзиот спринт за претходната сезона во ЛШ

Ван Дајк е сопственик на најбрзиот спринт за претходната сезона во ЛШ

Играчот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го истрча најбрзиот спринт претходната сезона во ЛШ.

Играчот на Ливерпул на натпреварот против Барселона во полуфиналето постигна брзина од 34.5 километри на час и зад себе ги остави Сане, Волкер и Бејл.

Холанѓанецот беше за малку подобар од играчот на Сити кој оствари брзина од 34.4 километри на час, Волкер имаше 34.2, а Бејл 33.8 километри на час.

Ван Дајк минатата сезона со Ливерпул се искачи на врвот во Европа, а неговите одлични игри му донесоа и многу други награди и признанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…