Дома Фудбал Валенсија на продажба за 400 милиони евра

Валенсија на продажба за 400 милиони евра

Валенсија, која е во опасност да испадне, се продава, објави емисијата „Ел Партидасо де КОПЕ“. Според информациите, сопственикот на клубот Питер Лим бара 400 милиони евра за неговиот пакет акции од 91,5%.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бизнисменот од Сингапур е мнозинскиот сопственик уште од 2014 година. Во време на неговото управување, Валенсија забележува значителен пад во играта и резултатите, при што единствено освои една Купа на Шпанија (2018/19).

Во последните пет години, “лилјаците” не завршиле повисоко од деветтото место во Ла Лига Ова предизвика напнатости меѓу Лим и фановите на “лилјаците”, кои долго време бараат негово повлекување.

Во тековната сезона, Валенсија се бори за опстанок, откако има само пет победи во 25 круга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрицио Романо со „here we go“ ја потврди „бомбата“: Манчестер сити има нов тренер!

Енцо Мареска наскоро ќе го преземе кормилото на Манчестер Сити и ќе го замени Пеп Гвардиол…