Дома Фудбал Вакво нешто не се памети: Детенце од школата на Ајакс жонглираше 2.423 пати! (Видео)

Вакво нешто не се памети: Детенце од школата на Ајакс жонглираше 2.423 пати! (Видео)

Фудбалската школа на Ајакс е позната како една од најдобрите во светот, а токму од таму произгле многу големи фудбалски имиња.

Сега вниманието на медиумите почна да го привлекува и 11-годишниот Зинедин Чајат кој направи нешто кое веројатно не го направил никој друг досега.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, тој жонглираше дури 2.424 со топката, а во изјавата истакна дека можел и да продолжи, меѓутоа морал да прекине затоа што започнувал на натпреварот.

„Не ми беше проблем и да продолжам, меѓутоа ми кажаа дека треба да завршам поради натпреварот. Добив голем аплауз од стадионот, но и комплименти од фудбалерите на Ајакс. Навистина тоа беа моменти кои нема да ги заборавам и кои многу ми значат“, изјави младиот Чајат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси ќе добие понуда каква што ретко се гледа во светот на фудбалот

Аргентинската ѕвезда, 38-годишниот Лионел Меси, неодамна потпиша договор со Интер од Мајам…