Дома Фудбал Ваква сцена за првпаат видовме на фудбалските терени: Судијата ги прекрсти рацете, еве што значеше

Ваква сцена за првпаат видовме на фудбалските терени: Судијата ги прекрсти рацете, еве што значеше

На Светското клупско првенство, Реал Мадрид ја совлада Пачука со 3:1. Капитенот на Пачука, Густаво Кабрал, направи прекршок врз Антонио Рудигер во завршницата од натпреварот. По овој настан, германскиот дефанзивец од Реал му се пожали на судијата Рамон Абати Абе дека бил жртва на расистички навреди. Судијата тогаш, за првпат на ова натпреварување, ги вкрсти рацете пред градите, означувајќи го започнувањето на специјалниот протокол на ФИФА против расизам.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рудигер, веднаш по конфликтот со Кабрал, го информираше судијата за навредите, а тренерот на Реал, Чаби Алонсо, потврди дека протоколот е активиран и дека истрагата е во тек. “Му веруваме на Рудигер и стоиме зад него. Ова е неприфатливо”, изјави Алонсо, истакнувајќи ја потребата за нулта толеранција кон расизмот.

Протоколот на ФИФА за борба против расизмот има три фази: најпрво натпреварот се запира, потоа може да се прекине привремено, а во екстремни случаи и целосно доколку инцидентите продолжат. Со оглед на тоа што остана многу малку време до крајот на натпреварот, мечот сепак беше одигран до крај.

Сѐ уште не е познато кој точно ги упатил навредите, дали станува збор за играчи или навивачи. Рудигер и претходно бил жртва на расистички испади кога играше за Челси во 2021 година. “Ништо не се менува. Мораме да продолжиме да се бориме против расизмот”, изјави тогаш Рудигер.

Фото: Screenshot
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл: Босна против Панама во САД играше како на домашен терен! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Бoсна и Херцеговина изигра нерешено со Панама (1:1) во Сент …