Дома Фудбал Ваков малер немате видено: Ѕвезда на Баерн поради повреда го пропушта и второто Светско првенство?

Ваков малер немате видено: Ѕвезда на Баерн поради повреда го пропушта и второто Светско првенство?

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска попладне имаат можност да го освојат 35-тиот трофеј шампион на Германија и за тоа им е потребно барем нерешено во дербито против Штутгарт, но идиличниот крај на викендот го расипа веста за повредата на бутина на Серж Гнабри поради кој, како што стојат работите, ја заврши сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сѐ се случи во саботата попладне на тренингот пред натпреварот против Штутгарт, а првите проценки што ги даде клубот недолго потоа не беа воопшто оптимистички и предвидуваат пауза од три месеци.

Очигледно тоа значи дека фудбалерот, кој ја завршува осмата сезона во Баерн, ќе го пропушти и претстојното Светско првенство во фудбал, што ќе биде второ кое го пропушта поради повреда.

Претходно тоа беше случај со Мундијалот во Русија, каде поради проблеми со препоните пропушти да биде дел од селекцијата која во оваа земја пристигна како актуелен светски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем планира понуда за Рашфорд

Тотенхем планира да испрати понуда до Манчестер Јунајтед за англискиот репрезентативец Мар…