Дома Фудбал Во Барселона се незадоволни од Луис Диас

Во Барселона се незадоволни од Луис Диас

Барселона го изрази своето незадоволство од однесувањето на Луис Диас, пишува весникот “Мундо Депортиво”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на “сине-гранатовите” очекува Диас и неговите агенти да бидат поактивни во нивните обиди да се разделат од Ливерпул.

Сите во каталонскиот клуб сакаат да започнат преговори за трансфер со колумбиецот во многу скоро време. Засега менаџерот на фудбалерот зазел чекачка позиција и ова не е добро прифатено од страна на шефовите во Барса.

“Сине-гранатовите” сакаат што побрзо да го решат прашањето околу иднината на 28-годишниот Диас, за да избегнат минатогодишна ситуација со Нико Вилијамс.

Крилото Луис Диас премина од Порто во Ливерпул во 2022 година со договор кој важи до крајот на сезоната 2026-2027. Минатата сезона колумбиецот ја освои шампионската титула на Англија со тимот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суспензија од најмалку 10 натпревари за вакво однесување на фудбалери: Англија воведува големи промени!

Фудбалерите кои ќе бидат прогласени виновни за дискриминација ќе се соочат со суспензија о…