Дома Фудбал Ужас во Загреб: Хрвати брутално претепале шкотски навивач!

Ужас во Загреб: Хрвати брутално претепале шкотски навивач!

Фудбалерите на Динамо од Загреб во 6. коло на Лигата на шампионите денеска од 8.45 часот го пречекуваат Селтик.

Пред натпреварот се случил ужасен инцидент во Загреб. Претепан бил еден навивач на Селтик, кој добил тешки телесни повреди и докторите сега се борат да го спасат неговиот живот.

Според „Вечерњи лист““ уапсени се шест лица за кои се сомнева дека учествувале во нападот на шкотскиот државјанин.

Сѐ уште не е потврдено дека во овој инцидент учествувале навивачите на Динамо, Бед блу бојси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …