Дома Останати Тенис УС Опен направи радикална промена

УС Опен направи радикална промена

Организаторите на УС Опен најавија промена на форматот кога станува збор за мешаните парови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Накратко – наградниот фонд од милион долари, скратени мечеви и помал ждреб, кој дава предност на сингл-играчи.

Промените се направени за да се привлечат повеќе ѕвезди во играње мешани парови, а со тоа да се зголеми бројот на навивачи.

Турнирот ќе се игра во неделата пред почетокот на самото натпреварување, за време на квалификационите натпревари, а сите мечеви ќе се одржат на „Артур Еш“ и „Луј Армстронг“.

На настанот ќе учествуваат 16 тима, што е двојно помалку во однос на минатите сезони.

Осум тима ќе бидат рангирани врз основа на комбинираниот ранг на играчите во поединец, додека останатите осум парови ќе добијат специјални покани.

Мечевите ќе се играат во два добиени сета, а секој ќе се игра до четири гема. Тај-брејк на 4:4. Одлучувачкиот сет ќе биде решен по своевиден супер тај-брејк до 10 поени.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зверев е прв финалист на Ролан Гарос

Германскиот тенисер, Александер Зверев, се пласираше во финалето на Отвореното првенство н…