
Полуфиналистот на претходниот УС Опен, Јаник Синер, успеа да се квалификува во четвртфиналето на последниот Грен Слем турнир за оваа година, декласирајќи го казахстанецот Александер Бублик со резултат 6:1, 6:1, 6:1 за само час и 21 минута. Ова претставува втората најбрза победа на турнирот во 2023 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По натпреварот, Бублик го опиша противникот како играч кој поседува “вештачка интелигенција”, пишува bbc.com.
Непосредно по поразот, 23-от носител Бублик остави коментар на Инстаграм објавата на УС Опен за резултатот, велејќи само “AI”, со што ја повтори истата опишувачка фраза што ја употреби за Синер и пред четвртфиналниот натпревар кој се одржа во понеделникот.
Интересно, Бублик е еден од само двајцата играчи што го победија Синер оваа сезона, но талентираниот 24-годишен Италијанец изгледа спремен за нови предизвици и во Њујорк не дозволи непријатни изненадувања.