Дома Фудбал УЕФА го суспендираше Престијани за случајот со Винисиус!

УЕФА го суспендираше Престијани за случајот со Винисиус!

УЕФА одреди суспензија од шест натпревари за 20-годишниот фудбалер Џанлука Престијани поради хомофобичко однесување за време на натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот аргентински крилен напаѓач веќе пропушти еден натпревар од казната, додека три од вкупните шест мечеви се условни суспензии кои нема да стапат во сила ако во наредните две години не ја повтори сличната грешка.

Од УЕФА нагласуваат дека оваа одлука е дел од засилената политика против дискриминација и непристојно однесување на теренот, со цел да се одржат фер-плеј и взаемна почит во сите нивни натпреварувања.

Инцидентот се случи за време на мечот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, кога Престијани влезе во вербален конфликт со Винисиус Жуниор, по што, според извештаите, беа упатени расистички навреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо: Англиски гигант се вклучи во приказната околу Винисиус Жуниор!

Иднината на Винисиус Жуниор во Реал Мадрид сè уште е една од главните теми во европскиот ф…