Дома Фудбал Турска легенда ја купи Брегалница: Сакаме да ја вратиме во елитата!

Турска легенда ја купи Брегалница: Сакаме да ја вратиме во елитата!

Вториолигашкиот фудбалски клуб Брегалница од Штип денеска и официјално доби нов мнозински сопственик. Станува збор за турскиот бизнисмен и поранешен кошаркарски репрезентативец Мурат Шамил Шен, кој во минатото беше сопственик на познатиот турски прволигаш Генчлербирлиги, клуб од кој се раздели по судска постапка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шен го откупи контролниот пакет акции од досегашниот сопственик Кирил Гогов, преземајќи 52% од сопственоста на клубот за сума од 150.000 евра. На денешната прес-конференција, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, официјално го претстави новиот инвеститор, истакнувајќи дека Општината ќе го задржи својот досегашен удел од 48 отсто во структурата на сопственост.

Новиот мнозински акционер најави значајна финансиска инјекција и амбициозна визија за клубот, вклучувајќи јасна цел – враќање на Брегалница во Првата лига.

Фото: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феран Торес веднаш по финалето доби доказ колку еден гол може сè да промени

Феран Торес стана херој на Шпанија откако постигна гол во финалето на Светското првенство …