
Англискиот селектор Томас Тухел донесе низа изненадувачки одлуки во однос на списокот за Светското првенство. Иако официјалниот список ќе биде објавен денеска во 11 часот, Тухел веќе ги извести играчите и бројни детали од конечниот список веќе протекоа во англиските медиуми. Јавноста е во шок бидејќи неколку големи ѕвезди не се најдоа меѓу 26-те избраници.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фабрицио Романо објави дека на списокот го нема Трент Александер-Арнолд (27), ѕвезда на Реал Мадрид. Десниот бек за Англија има 34 настапи и четири гола, но поради послабата форма оваа сезона не доби покана од селекторот. Александер-Арнолд сезонава забележа 30 настапи и пет асистенции за мадридскиот тим откако пристигна од Ливерпул, но тоа се далеку од неговите препознатливи настапи.
Според Transfermarkt, вредноста на Александер-Арнолд е 65 милиони евра. Наместо него, Тухел ќе го поведе Џеда Спенс (25) од Тотенхем на Мундијалот, кој за репрезентацијата има четири настапи. Спенс, според Transfermarkt, се проценува на 30 милиони евра и оваа сезона одигра 43 натпревари за Спарсите.
Да потсетиме, вчера беа објавени шокантни информации поврзани со списокот на Тухел. На Светското првенство нема да патува Кол Палмер, 24-годишна ѕвезда на Челси, чија вредност Transfermarkt ја проценува на 110 милиони евра. Палмер оваа сезона во Премиер лигата постигна само девет гола, што е далеку помалку во споредба со претходните три сезони од неговото доаѓање во клубот.