Лоши вести пристигнуваат за навивачите на Реал Мадрид по натпреварот со Рајо. Повредени се три ѕвезди на Кралевите пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според пишувањето на шпанските медиуми, Винисиус Жуниор се здобил со удар на палецот од десната нога, додека Џуд Белингам ја повредил десната натколеница.
Родриго добил удар на метатарзалната коска од левото стапало, која веќе била проблематична.
Добрата вест во сето ова е што повредите на прв поглед не изгледаат сериозно, па во најдобар случај сите тројца фудбалери би можеле да бидат во конкуренција за мечот со Атлетико.
Сепак, сè ќе биде сигурно потврдено откако ќе се направат медицински прегледи кои се закажани за денес.