Дома Актуелно Три гола за десет минути, запомнете го ова име! (ВИДЕО)

Три гола за десет минути, запомнете го ова име! (ВИДЕО)

Во дуелот од холандската лига, Феенорд на својот стадион убедливо го совлада Хераклес со 5:2.

Победникот веќе беше познат по првите 45 минути кога Сантијаго Хименес постигна три гола, во рок од десет минути.

Овој Мексиканец, чиј татко е поранешниот аргентински фудбалер Кристијан Хименес, има 23 години и има постигнато 44 првенствени голови за Феенорд.

Сезонава шест пати беше стрелец во Ередивизија и уште два пати во Лигата на шампионите.

Видеото погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …