
Младиот македонски талент во авто-мото спортот, Стефан Тренески, викендов запиша нов настап во рамки на Формула 4 шампионатот. Откако како победник на Формула 4 ЦЕЗ Академијата пред две недели дебитираше на патеката „Словакиаринг“, овојпат се појави на прочуената патека во Брно, Чешка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренески имаше полн натпреварувачки календар – возеше дури четири трки. Во првата заврши на 16. позиција, во втората стигна до најдобриот резултат за викендот со освоеното 14. место, а последната ја заврши како петнаесетти.
Покрај настапите во Формула 4, со својот тим „Јаник Моторспорт“ македонскиот возач возеше и во рамки на Твинго купот.