Дома Фудбал Трајковски погоди во 98. минута за Хајдук: Успеавме да освоиме бод, иако сакавме победа (Видео)

Трајковски погоди во 98. минута за Хајдук: Успеавме да освоиме бод, иако сакавме победа (Видео)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски стана вистински херој за Хајдук Сплит, откако во самиот финиш на натпреварот – во 98. минута – постигна гол за израмнување против Локомотива, носејќи важен бод за својот тим на домашен терен.

Иако сезонава добива ограничена минутажа, а неодамна кружеа шпекулации за негов можен замин на крајот од сезоната поради тоа што тренерот Џенаро Гатузо не го вклучува често во ротацијата, Трајковски ја искористи укажаната шанса на најдобар можен начин.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Во такви ситуации мораш да реагираш инстинктивно. Се обидував да ја прочитам играта, чувствував дека има празен простор на втората статива и таму се позиционирав. Успеавме да освоиме бод иако целевме кон победа. Се надевам дека ова ќе ми донесе повеќе минутажа, бидејќи имам што да понудам на овој тим“, вели Трајковски.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо одговори на прашањето дали сака да го преземе Ливерпул

Колку се нестабилни позициите и на Арне Слот и на Чаби Алонсо потврдува и фактот дека Шпан…