Дома Фудбал Трагичарот Мбапе испрати порака: Ова е тежок момент, ја преземам одговорноста

Трагичарот Мбапе испрати порака: Ова е тежок момент, ја преземам одговорноста

Реал Мадрид загуби од Атлетик Билбао (1:2), со што го претрпе петтиот сезонски пораз.

Во дербито од 19. коло Алекс Беренгер во 53. минута ги доведе домаќините во водство. Во 68. минута Килијан Мбапе имаше пенал, но напаѓачот на Реал повторно не успеа да реализира од белата точка, откако неговиот претходен обид го одбрани Келехер во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во 78. минута Џуд Белингем израмни за Реал, но две минути подоцна, по големата грешка на Феде Валверде, Гурузета го постигна голот за домашната екипа.

Така Мбапе продолжи со неубедливи настапи по неговото пристигнување во Реал.

По натпреварот, Мбапе на својот Инстаграм профил објави: “Голема грешка, преземам одговорност. Ова е тежок момент, но најдобар момент да ја сменам ситуацијата и да покажам кој сум”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аларм во Бразил: Рафиња се повреди!

Напаѓачот на Барселона се здоби со повреда што предизвика загриженост кај навивачите на бр…