Дома Моторспорт Трагедија во Формула 1 пред почетокот на сезоната: Почина долгогодишниот директор на трките

Трагедија во Формула 1 пред почетокот на сезоната: Почина долгогодишниот директор на трките

Пред отварањето на новата сезона во Формула 1 пристигнуваа тажни вести.

Во викендот кој следи ќе се првата трка во Австралија во новата сезона во најбрзиот караван во светот, кој за жал ќе биде без директорот на трките Чарли Вајтинг.

Утрово од Мелбурн пристигнуваат информации дека Чарли Вајтинг починал како последица на белодробен инфаркт.

Британецот функцијата директор на трки во Формула 1 ја извршуваше од 1997 година. Неговата должност беше да биде одговорен за сите активности на патеката како што е безбедноста, стартот на трките и примената на правиата и регулативата.

После трагичната вест еден од првите кои се огласи во јавноста беше неговиот долгогодишен соработник и директор во Ф1, Рос Браун.

„Го познавав Чарли скоро целиот мој живот. Работевме заедно како механичари, многу време поминувавме заедно ширум светот. Кога ги слушнав трагичните вести бев шокиран и тажен. Ова е голема загуба, не само за мене, туку и за целата Формула 1“, изјави Браун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…