Дома Моторспорт Тото Волф одново за моментот во Абу Даби: Тоа беше како голот со рака на Марадона

Тото Волф одново за моментот во Абу Даби: Тоа беше како голот со рака на Марадона

Иако помина одреден период од лудата завршница на Формула 1 во Абу Даби и понатаму има реакции и коментари на драмата која заврши со среќен крај за Макс Верстапен.

Верстапен беше во изгубена позиција и изгледаше дека Хамилтон ќе дојде до својата осма титула, меѓутоа после инцидентот на Николас Латифи и влегувањето на безбедносното возило на патеката ситуацијата се промени. Верстапен доби можност да биде веднаш зад Хамилтон и го искористи тоа што имаше нови гуми.

Од таборот на Мерцедес испратија и жалба која потоа беше повлечена, но незадоволството во нивните редови и понатаму го има. Тото Волф сега со својот последен коментар ја спореди ситуацијата во Абу Дбаи со голот со рака на Марадона.

„Тоа што се случи во Абу Даби е исто како Божјата рака на Марадона“, искоментира Тото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…