Дома Фудбал Торино се пофали со Елмас! (Видео)

Торино се пофали со Елмас! (Видео)

Maкедонскиот репрезентативец, Елиф Елмас од денес и официјално е нов член на екипата на Торино каде што ќе настапува како позајмен фудбалер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Елмас во Торино пристигнува од Лајпциг од каде што заминува со цел да игра повеќе во вториот дел од сезоната. Торино ќе има можност и да го откупи договорот на Елмас на крајот од сезоната за сума од 17 милиони евра.

За Елмас ова е враќање во Италија каде што претходно го носеше дресот на Наполи од 2019 до 2024 година. Во кариерата македонскиот фудбалер беше дел уште од Работнички и Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…